Connect with us

Потресни моменти: Свен Горан Ериксон остави порака и му кажа збогум на светот

Легендарниот шведски фудбалски тренер, Свен Горан Ериксон, кој беше на кормилото на неколку големи тимови, а беше предводник и на националниот тим на Англија, со трогателни зборови се збогува со светот. Тој повеќе од една година се бори со рапидна верзија на канцер.

„Имав добар живот, да. Мислам дека сите се плашиме од денот кога животот ќе заврши, кога ќе умреме. Но, смртта е исто така дел од животот. Мораш да научиш да го прифатиш тоа како што е. Се надевам дека на крајот луѓето ќе речат: ‘Да, тој беше добар човек’, иако не секој ќе го каже тоа.

Се надевам дека ќе ме запомните како позитивна личност која секогаш се трудеше да го даде најдоброто од себе. Немојте да жалите, насмевнете се! Ви благодарам за сѐ, тренери, играчи, публика.

Сѐ беше фантастично. Чувајте се, чувајте го својот живот и живејте го. Збогум!“, сподели шведскиот тренер.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови