
Марсело Брозовиќ ова лето би можел да го смени клубот и да замине во редовите на најголемиот ривал на Интер. Хрватскиот репрезентативец веќе не е толку незаменлив играч во тимот на Симоне Инзаги, а за него наводно голем интерес покажал Јувентус.
Брозовиќ неодамна го продолжи договорот со Интер до 2026 година, според кој заработува 6,5 милиони евра. Но, на неговата позиција Инзаги почна сѐ почесто да го користи Чалханоглу, а на „Џузепе Меаца“ наводно размислуваат за продажба на Брозовиќ.
Проблем е неговата голема плата, која се посилно паѓа за финансиски погодениот Интер, односно е превисока за играч кој повеќе не е лидер во тимот.
Јувентус е многу заинтересиран за 30-годишниот фудбалер и влегол во преговори, а Интер бара околу 30 милиони евра. На Хрватот наводно би му бил понуден двегодишен договор со опција за продолжување и на него би се сметало како стандарден првотимец.
Брозовиќ пристигна во Интер во летото 2016 година од Динамо Загреб за 8 милиони евра и за миланскиот гигант одигра 323 натпревари и постигна 30 гола со 40 асистенции. Тој е миленик на навивачите на Интер, кои сигурно не би му простиле ако замине во омразениот Јувентус.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лукас Васкез потпишува за Баер Леверкузен
