Connect with us

Последно збогум за Ивица Осим: Го испратија Пикси, Сушиќ, Баждаревиќ, Хаџибегиќ…

Поранешниот југословенски селектор Ивица Осим, кој почина пред две недели во Грац, денеска е погребан на сараевските гробишта Баре. Илјадници луѓе дојдоа да се збогуваат со легендарниот тренер, меѓу нив и прославени фудбалски имиња како Мехмед Баждаревиќ, Рефик Шабанаџовиќ, Сафет Сушиќ, Душан Бајевиќ, Блаж Слишковиќ, Фарук Хаџибегиќ, Сречко Катанец, Звонимир Бобан, Драган Стојковиќ.


Драган Стојковиќ Пикси, великанот на Црвена Звезда, кој блескаше во дресот на Југославија под водство на Осим, се прости од некогашниот тренер.

„Ќе ми остане во драго сеќавање. Сетете се само на сликата на Светското првенство кога го постигнав првиот гол против Шпанија, истрчав до клупата и го прегрнав толку искрено, а тој ме прегрна мене. Таа слика доволно зборува за нашата врска. Покрај фудбалот, тој беше многу интелигентен човек, човек со големо срце, човек кој остави длабока трага во нашиот фудбал. Неговите тренерски квалитети и улогата на тренер им се познати на сите. Тој остави длабока трага во поранешната држава и тоа сите знаеме да го почитуваме и цениме“, рече Пикси, обраќајќи му се на покојниот тренер, „Шефе, ти благодарам за сè и уживај во рајот таму“.

Ивица Осим е роден на 6 мај 1941 година во Сараево, а фудбалската кариера ја започна во Железничар во 1959 година, за кој настапува шедо 1968 година, кога замина во холандскиот Цволе. Во 1970 година се пресели во Франција каде го носеше дресот на Стразбур, Седан и на Валенсиен. Беше и голем тренер.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови