
Шестото коло од групната фаза на Лигата на шампионите за 2024 година започнува вечерва со девет натпревари, додека преостанатите девет ќе се одиграат утре. Турнирот е во својата клучна фаза, а досегашните пет кола донесоа бројни изненадувања, што ја направи привремената табела на моменти неочекувана.
Првите осум екипи директно се пласираат во осминафиналето, додека следните 16 ќе играат плејоф. Последното место кое обезбедува напредување е 24-тото. Завршните два натпревара од групната фаза се закажани за последните две недели од јануари.

И двата тима имаат три порази, што е реткост за нив. Реал Мадрид гостува кај Аталанта, тим кој е во одлична форма и кој веќе ги предизвика „кралевите“ во Суперкупот на Европа. ПСЖ, пак, има поповолна задача против Салцбург, но лошата форма на тимот на Луис Енрике, кој постигна само еден гол во последните три натпревари, е загрижувачка.
Баварците се на 13. место и вечерва гостуваат кај Шахтјор Донецк. Натпреварот ќе се игра на неутрален терен во Гелзенкирхен.

Лидерот во Премиер лигата и Лигата на шампионите, тимот на Ливерпул, е единстве со совршен ефект. Тие се соочуваат со Џирона во Каталонија, но, за жал, Бојан Миовски се здоби со повреда и нема да може да му помогне на својот тим.
Натпреварот помеѓу Баер Леверкузен и Интер се очекува да биде возбудлив, додека Астон Вила гостува на Лајпциг, тим кој досега нема освоено ниту еден бод.
Динамо Загреб на домашен терен го пречекува Селтик и се надева дека со триумф може да направи чекор напред кон нокаут фазата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Срамот е за Воска, која го напушти теренот и не го доигра мечот против...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski