Норвешкото голгетерско чудо Ерлинг Халанд е еден од најбараните фудбалери во светскиот фудбал, цел на најголемите клубови. За него се „тепаат“ Барселона, Реал Мадрид, ПСЖ, Манчестер Сити, Јувентус, Манчестер Јунајтед…Тој се појави во Молде, блесна на хоризонтот во Салцбург, а сега во Борусија Дортмунд е веќе неверојатен напаѓач.
Но, не е тоа се од Норвешка. Доаѓа братучедот на Халанд – младиот 17-годишен Алберт Тјаланд. Игра за Молде и има постигнато 69 гола на 48 натпревари. Исто така почна во Брине као Ерлинг Халанд, а неговиот талент се развива во Молде. Се уште нема дебитирано за сениорскиот состав, но стручњаците му предвидуваат блескава кариера. Во одредени елементи од фудбалската игра проценет е дека е многу поталентиран од Ерлинг Халанд. За него уште отсега е заинтересиран Ливерпул.
												
																					- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal 
- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal 
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							












