
Португалија на домашен терен ја победи Чешка со 2-0 за втора победа во низа во Лига А на Лигата на нации. Жоао Кансело го отвори резултатот во 33. минута, а пет минути подоцна Гонкало Гуедеш го постави конечниот резултат.
Шпанија минимално ја победи Швајцарија на гости со 0-1, со голот на Пабло Сарабија.
Србија оствари минимален триумф на гостувањето кај Шведска (0-1). Лука Јовиќ погоди во надополнувањето на времето во првиот дел.
Норвешка и Словенија одиграа без голови.
Во Лига Ц, Косово на домашен терен ја совлада Северна Ирска (3-2), а Грција беше убедлива против Кипар (3-0).

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal