Досегашниот тренер на Ајакс, Франческо Фариоли, е нов тренер на Порто, објави португалскиот гигант. Италијанецот потпиша договор на две години.
Фариоли, кој има само 36 години, е релативно непознат на пошироката фудбалска јавност. Минатото лето изненадувачки го презеде Ајакс и успеа да ги врати добрите резултати на тимот, но на крајот несреќно ја испушти титулата на драматичен начин.
Ciao, Francesco 👋
— FC Porto (@FCPorto) July 6, 2025
Bem-vindo à tua nova casa 💙#SeguimosJuntos pic.twitter.com/H39Idoh9Xm
Младиот стручњак често е споредуван со својот сонародник Роберто Де Зерби поради офанзивниот стил на игра кој го негува. Сега во Порто ќе го наследи Мартин Анселми, кој беше назначен во јануари, но си замина по елиминацијата на тимот во групната фаза на Светското клупско првенство.
Целта на Фариоли ќе биде да го врати Порто на врвот на португалскиот фудбал, откако тимот нема освоено титула веќе три години.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Патрик Виеира доби отказ од Џенова













