Фудбалска Германија е во шок, а светот како се уште да не може да верува. Малата Македонија дојде во Дуисбург и го стори тоа што на никого не му успеа во изминатите две децении. Ја победи Германија во квалификациски натпревар на гостински терен.
Ова е второто најголемо понижување на бундес-тимот во поновата историја, пишуваат германските медиуми. Селекцијата на Игор Ангеловски ќе биде кошмар што долго ќе ги прогонува германските фудбалски репрезентативци и селекторот Јоаким Лев.
Поразот од Македонија во Дуисбург е второто најголемо понижување за Германците по срамниот пораз од Шпанија (6-0) во Лигата на нации. По овие два порази, германската нација ја загубила вербата во националниот тим, пишуваат медиумите во оваа земја.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













