
Работнички и Силекс со порази се враќаат од Унгарија, односно од Црна Гора. Во воведните натпревари од првото квалификациско коло во Конференциската лига, Работнички загуби со 3-0 од белорускиот Торпедо-Бегаз, додека Силекс има негатива од 2-0 по првиот меч со црногорскиот Дечиќ.
Во Унгарија, на стадионот на Халадаш, белорускиот тим беше подобар од Работнички.
Торпедо-Бегаз дојде во водство од првата шанса во 11. минута. Беше изведен корнер од левата страна, топката во срцето на шеснаесетникот дојде до Павел Седко кој успеа да го совлада Васко Василев.

Во 26. минута прва посериозна шанса и за Работнички. Калани Алмеида шутираше по одличниот продор на Кадриу од десната страна, но одбраната на Торпедо ја блокираше топката која одеше кон мрежата.
Во 42. минута најдобра шанса за Работнички. Кадриу уфрли од десната страна, Дашмир Елези зафати полуволеј, но шутираше над голот.

Во вториот дел, Белорусите тоа го казнија. Во 64. минута Торпедо-Бегаз поведе со 2-0. Вадим Побудеи се реши на удар од далечина и од 25 метри ја затресе мрежата на Работнички.
Во судиското продолжение, Стефен Алфред постигна трет гол за Торпедо за конечни 3-0.
Силекс се враќа дома со пораз од 2-0 против Дечиќ. Андреј Бајовиќ во 39.минута го отвори резултатот во корист на Дечиќ, а Силекс во 50.минута остана со фудбалер помалку поради исклучувањето на Мартин Мирчевски.

Предноста во бројот на играчи Дечиќ ја искористи и за втор погодок. Ибрахима Ендиаје во 70.минута постигна гол за 2-0 и за убава предност пред реваншот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јуве ќе бара нова позајмица за Коло Муани

Евро-фудбал
Фудбалер на Атлетик Билбао падна на допинг-тест
