
Лидс Јунајтед загуби на „Иланд Роуд“ од Вест Хем со 1-2, а македонскиот репрезентативец одигра едно полувреме на овој меч од Премиер – лигата, воведен од новото коло во англискиот шампионат.
Лидс Јунајтед поведе со голот на Матеуш Клих од пенал во шестата минута, и тоа дури од втор обид. Фабијански го одбрани првиот шут, но ВАР покажа дека ја напуштил гол-линијата, а во вториот обид Клих беше успешен.
Но, Вест Хем го доби мечот со добри реакции по прекин на игра. Томаш Соучек во 25.минута израмни со удар со глава по корнерот од десната страна, а дефанзивецот Анџело Огбона донесе триумф исто така со удар со глава во 80.минута.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Шешко не сака да оди во Саудиска Арабија

Евро-фудбал
Атлетико Мадрид се фокусира на Адемола Лукман

Прва лига
Матиќ: Вардар секогаш игра на победа
