
Можните последици од евентуален пораз овој викенд нема како дa ги избегне менаџерот на Нотингем Форест, Анге Постекоглу. Така започнува анализата на неговата тешка ситуација во клубот што ја направи „Би-Би-Си“ во пресрет на новото коло од Премиер – лигата.
Ако некој ја познава немилосрдната природа на професијата фудбалски менаџер, тоа е токму Австралиецот. Само пред пет месеци, Постекоглу го одведе Тотенхем до трофеј во Лига Европа, ставајќи крај на 17-годишната суша без трофеј за клубот. Но, малку повеќе од две недели подоцна, беше отпуштен.
Сега, во новата улога како менаџер на Нотингем Форест, 60-годишниот стратег повторно е под сериозен притисок — но овојпат без импресивни резултати зад себе. Од назначувањето пред 38 дена, тој водеше седум натпревари, без да забележи ниту една победа.
Во Премиер – лигата сезонава, Нотингем Форест одигра седум меча, со скор од една победа, две нерешени и четири порази, постигнувајќи пет голови и примајќи 12. Победата овој викенд против Челси на домашен терен би била клучна за да се намали притисокот врз австралискиот тренер. Но, во спротивно, му се заканува нов отказ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
