Connect with us

Поранешен македонски селектор откри како Србија го сопре Кристијано Роналдо

Поранешниот македонски селектор Љубинко Друловиќ, кој сега е асистент во стручниот штаб на фудбалската репрезентација на Србија, го откри планот на Драган Стојковиќ за да биде сопрен Кристијано Роналдо и да се победи селекцијата на Португалија. Србите остварија триумф (1-2) во Лисабон и успеаја да се пласираат на Светското првенство, а ги испратија Португалците во плејофот каде ќе бидат можен противник на Македонија.

„Беше важно да се контролира топката и да се контролира играта. Кристијано Роналдо и неговите соиграчи не сакаат многу да трчаат кога немаат топка. Знаевме дека на овој начин ќе бидеме поблиску до победата и благодарение на оваа тактика, а особено на нашите дефанзивци, Роналдо не можеше да ја постигне целта. Како што одминуваше мечот, тој стануваше многу нервозен“, откри Љубинко Друловиќ.

Статистиката од натпреварот јасно открива дека избраниците на Драган Стојковиќ успеаја да го изолираат Роналдо, бидејќи напаѓачот заврши без ниту еден прецизен удар во голот на Србија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови