Connect with us

Поранешен фудбалер на Фенербахче и турски репрезентативец го засили Гостивар

Повратникот во Првата македонска фудбалска лига, Гостивар донесе суперзасилување за новата сезона во ПМФЛ.

Гостиварци потпишаа со турскиот фудбалер Алпер Потук. Тој седум сезони беше дел од турскиот великан Фенербахче, а за репрезентацијата на Турција запиша седумнаесет настапи.

Покрај за Фенербахче, Потук во кариерата играше и за: Ескишехир, односно Ризеспорт и Анкарагучу.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови