Connect with us

Поранешен фудбалер на Базел почина на 35 години

Пo тешка битка со рак на белите дробови, на 35-годишна возраст почина Николас Шинделхолц, поранешен фудбалер на швајцарските клубови Базел, Тун, Луцерн и Арау. Беше дете на Базел каде ги мина сите млади категории.


„Базел тагува за загубата на Николас Шинделхолц. Нашиот поранешен капитен на У21 тимот почина од рак на само 34 години. Сите сме шокирани од оваа вест и изразуваме искрено сочувство до ужаленото семејство. Почивај во мир, Нико“, објави швајцарскиот вицешампион.


Шинделхолц играше на позицијата стопер и десен бек, а најголем белег остави во Тун, каде за осум години одигра 136 натпревари, со четири гола и четири асистенции.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови