
Финскиот бизнисмен Томас Зилијакус, релативно непознат за пошироката јавност, и кандидат за купување на Манчестер Јунајтед, сега е заинтересиран да го купи Интер. Тој се обидува да ги увери италијанските медиуми во оваа можна зделка.
„Сериозен сум, оваа недела или најдоцна следната, актуелниот сопственик на Интер ќе добие адекватна понуда да го преземеме клубот“, изјави тој во интервјуто објавено на веб-страницата на дневниот весник „Ла Република“.
Зилијакус тврди дека благодарение на „различни инвеститори, мали и големи, семејства и институционални инвеститори“ чии имиња и националности не сакал да ги открие, собрал 2,5 милијарди евра за да го купи Интер, лидерот на италијанскиот шампионат и финалист на минатата Лига на шампиони.
Понудата, објаснува тој, ќе ја направи „компанијата XXICenturyCapital, која е со седиште во Сингапур и е заинтересирана за фудбалот и модата“.
Интер од Милано, деветнаесеткратен италијански шампион и трикратен европски шампион, од 2016 година е под контрола на кинеската групација „Сунинг“ и бизнисменот Стивен Џанг. Магазинот Форбс го проценува италијанскиот клуб на 1,03 милијарди долари (960 милиони евра).
Зилијакус е поранешен извршен директор на „Нокиа“, кој вели дека го изградил своето богатство во технолошкиот сектор во Азија. Живее во Сингапур, каде во 1998 година основал инвестициски фонд специјализиран за нови технологии, „Mobile FutureWorks“ (MFW).
Неговата понуда да го купи Манчестер Јунајтед беше неуспешна. Основачот на петрохемискиот гигант „Инеос“, британскиот милијардер Џим Ретклиф, се подготвува да преземе 25 отсто од акциите во англискиот клуб за околу 1,7 милијарди евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Герет Саутгејт ќе биде нов селектор на Полска?

Прва лига
Шкендија подобра од Аргеш Питешти

Интернационалци
Тихо Костадинов потпиша за Сигма Оломук

Прва лига
Пелистер се раздели со Срѓан Захариевски

Евро-фудбал
Европскиот првак ПСЖ го суреди Атлетико

Прва лига
Шкендија го врати и Ендрит Красниќи
