Фудбалската репрезентација на Македонија утревечер (20.45 часот) ќе го игра третиот натпревар од циклусот квалификации за ЕП 2020, а ривал е најголемиот фаворит во групата, селекцијата на Полска. Избраниците на Јержи Бржечек го одработија официјалниот тренинг на „Тодор Проески арена“ и најавија дека сакаат триумф, но исто така имаат максимален респект и кон македонскиот национален тим.
„Полска е подоброрангирана на листата на ФИФА, но тоа не значи многу кога ќе почне натпреварот. Македонија играше одлично во изминатиот период, има квалитетен тим и нема да биде воопшто лесно да се слави во Скопје. Но, се надевам дека ќе бидеме на потребното ниво и дека ќе оствариме успех“, изјави селекторот на Полска.
Камил Глик исто така верува во успех на својата селекција, но и со максимален респект зборува за македонскиот национален тим.
„Македонија има квалитетна селекција, која посебно добро игра на домашен терен. Има свои шанси во групата, но ние веруваме дека ќе го покажеме повеќе и ќе ги освоиме бодовите“, изјави Глик.
Дуелот меѓу Македонија и Полска ќе се одигра утревечер (20.45 часот) на нашиот најголем стадион.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski