
Маурисио Покетино ќе го наследи Томас Тухел на тренерската позиција во Пари Сен Жермен, прашање на часови е кога клубот и официјално ќе го потврди неговиот ангажман, а аргентинскиот стратег веќе наголемо крои планови за новиот изглед на тимот. Во него ќе има место за двајца фудбалери со кои тој соработуваше во Тотенхем.
Кристијан Ериксен треба од Интер да дојде на позајмица на „Паркот на принцовите“ до крајот на сезоната, со опција потоа и комплетно да биде откупен договорот од италијанскиот калчолигаш. Идентично во Париз треба да пристигне и Деле Али, англискиот репрезентативец кој падна во втор план во Тотенхем откако кормилото го презеде Жозе Мурињо.
Според најавите во француските медиуми, Антонио Рудигер од Челси треба да биде засилување за одбранбената линија, а можно е да биде доведено ново име и во напаѓачките редови.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Ако Реал денеска загуби, Анчелоти ќе добие отказ
