Менаџерот на Челси, Маурисио Покетино, го пофали својот тим по победата од 2-0 над Фулам. Ова беше само втор успех за „сините“ од почетокот на сезоната во Премиер – лигата.
„Важно е да стекнеме самодоверба. Игравме добро и среќен сум за играчите. Го добивме тоа што го заслуживме на овој меч“, изјави Покетино.
„Овој гол му требаше на Мудрик. Тој одигра на ниво, но се здоби со повреда на мускулот. Се надевам дека не е сериозно и дека ќе биде подготвен за следниот натпревар. Среќен сум што се пријави и Броја“, продолжи Аргентинецот.
„Во секој тим се случуваат проблеми со повреди, а тоа влијае и на резултатите. Не сакам да барам изговори за тоа. Имаме огромен потенцијал и мораме да го искористиме“, додаде Покетино.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ново шоу и нов рекорд на Лионел Меси (ВИДЕО)
Евро-фудбал
„Волците“ не му можат ништо на Челси (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Барса по 894 дена се врати на „Камп Ноу“ (ВИДЕО)













