
Тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино, не го криеше разочарувањето од изданието на тимот на гостувањето против Монако. „Светците“ беа декласирани од ривалот, загубија со убедливи 3-0.
„Ова е срамно и неприфатливо. На ниту еден натпревар не смееме да пристапиме ма ваков начин. Треба да ставиме крај на очајот предизвикан од испаѓањето од Лигата на шампионите. Сите се виновни и мора да престанеме да наоѓаме изговори. Едноставно не покажавме победнички дух и таквите игри се недозволиви“, изјави Покетино.
Пари Сен Жермен е убедлив лидер во француското првенство, но тимот не ја исполни големата желба на раководството, да го освои пехарот во Лигата на шампионите.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш
