Пред шампионот Шкендија денеска е сериозен предизвик. Гостување во Струга, на тимот кој ги има сите пет победи од првите пет натпревари во овогодинашната сезона на Првата македонска фудбалска лига.
После успешното европско лето и пласманот во групите во Лигата на Конференции, тетовската екипа се надева на успешен настап и во домашниот шампионат, и одбрана на титулата на крајот од сезоната.
Фудбалерот на Шкендија, Имран Фетаи, вели дека целта на тимот е на секој натпревар да оди на победа.
„Тимот изгледа многу добро по натпреварот со Башкими кој не беше вооопшто лесен. Свесни сме дека нема лесни натпревари и секогаш даваме максимум. Подготвени сме во Струга да дадеме се од себе и да победиме. Ќе биде дерби. Знаеме дека нашиот противник е во одлична форма, но ние сме Шкендија и на секој меч одиме на победа, а таа цел ќе не води и денеска. Верувам дека ќе излеме како победници“, рече Фетаи.
Играчот на тетовските „црвено-црни“ се надева на добра атмосфера и на присуство на многу публика на денешниот меч.
„Оваа форма која ја има Струга, и нашата добра форма како и успешното лето во Европа, верувам дека ќе биде доволен мотив на публиката да дојде на стадионот во Струга. Исто така очекувам поддршка и од нашите навивачи кои секогаш не поддржуваат. Затоа верувам дека ќе биде вистинско дерби“, изјави Фетаи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Арачиново е хит на досегашниот тек од првенството, а нанижа уште една победа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Диего Контрерас (Арсими)
Шкендија имаше идеален старт на сезоната, но се чини дека и лидерот влезе во...
Автор makfudbal
Интернационалци
Јетон Беќири официјално го презеде кормилото на Габала
Интернационалци
Јетон Беќири заминува на печалба во Азербејџан?
Евро-фудбал
Бетис на гости го победи Вилјареал (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Роналдо и Ал-Наср посрамени во Абу Даби (ВИДЕО)













