Тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино, не е многу загрижен поради одлуката на Килијан Мбапе да не го продолжи договорот со „светците“ и неговата евентуална преселба во Реал Мадрид. По победата на неговиот тим против Реимс, аргентинскиот стратег истакна дека е многу среќен што го Мбапе во тимпот. Токму тој ги постигна двата гола во триумфот од 0-2.
„Килијан е наш играч. Знаете дека фудбалската индустрија е полна со гласини. Нашиот претседател и спортскиот директор беа јасни. Тој е со нас и јас сум многу среќен. Мбапе е еден од најважните играчи во светот, подарок за тимот“, изјави Покетино.
Реал Мадрид му дала ултиматум на ПСЖ да се изјасни до денеска до 18 часот дали ја прифаќа понудата за Мбапе од 170 + 10 милиони евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













