Connect with us

Покетино ќе ја преземе Ница и ќе дебитира против ПСЖ?

Аргентинскиот стратег Маурисио Покетино ќе остане во Франција и е на чекор до преземање на кормилото на Ница. Доколку успее да се договори со раководството на овој клуб, дебито ќе го има на 1 октомври против поранешниот тим ПСЖ.


Француските медиуми пренесуваат дека денеска Покетино ќе се сретне со челниците на Ница со цел да се договори за неговото преземање на клубот од Азурниот брег.

Фавр не ги носи очекуваните резултати, Ница моментално е тринаесетта на табелата во Лига 1 со само осум бода по осум одиграни кола. Доколку се постигне договор, Покетино би можел да дебитира против ПСЖ.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови