Connect with us

Покетино ја одби понудата на Ница

Аргентинскиот стручњак Маурисио Покетино одбил да ја преземе Ница, пренесуваат француските медиуми.


По отказот во Пари Сен Жермен, Покетино доби можност да остане во Франција и да ја преземе Ница, која минатата сезона успешно ја водеше неговиот наследник во главниот град Кристоф Галтие. Сепак, тој барем за некое време не сака нов предизвик.


Паузирањето цела сезона е нешто што е на повидок, освен ако не дојде понуда што не може да се одбие, а оваа од Ница веројатно не е таква.


Клубот од Азурниот брег ќе мора да се сврти кон други решенија бидејќи романсата со Лусиен Фавр овојпат не е успешна како минатата година. Тој е критикуван за одредени изјави, но најмногу за формата и хемијата на тимот. Од друга страна, во своја одбрана, Фавр го наведува неговото неангажирањето на квалитетни нови имиња и доаѓањето на неколку од нив при крајот на преодниот рок.


Ница моментално е на 13. место во француската Лига 1 со само пет дадени гола и девет примени.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови