
Јувентус се подготвува да го ангажира Погба. Францускиот ас на маса ја има и понудата на ПСЖ, која е далеку подобра финансиски од онаа на Јувентус, но торинскиот клуб верува дека светскиот шампион со „триколорите“ ќе го послуша срцето и ќе се врати кај „бјанконерите“.
Клучниот ден би можел да биде утрешниот, со оглед дека во Торино ќе се одржи средба меѓу претставниците на Јувентус и 29-годишниот репрезентативец на Франција.
Погба својот најдобар фудбал го играше во Јувентус, каде доживеа светска слава, а со одличните игри го принуди Јунајтед да го плати 100 милиони евра Сепак, на „Олд Трафорд“ само периодично ја покажуваше формата од Торино.
Евентуалното доаѓање на Погба во Јувентус би било огромно засилување за средниот ред, кој со години е најслабиот дел од тимот. Тренерот Масимилијано Алегри инсистира на доведување на квалитетни играчи за врска ова лето.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Чаби Алонсо има две желби за новиот Реал

Евро-фудбал
Милан со пресврт ја победи Болоња (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Артета: Ливерпул заслужува шпалир

Евро-фудбал
Артета: Ливерпул заслужува шпалир
