Францускиот репрезентативец Пол Погба заработи уште една повреда која речиси сигурно ќе стави крај на неговите амбиции да патува во Катар, објави „Газета дело Спорт“.
Играчот од средниот ред на Јувентус се опоравува од операцијата на коленото што го оддалечи да не одигра ниеден официјален натпревар за италијанскиот клуб откако се врати во клубот ова лето.
Тој се надеваше дека ќе влезе во форма и ќе ја заслужи довербата на Дидие Дешамп, но заработи нова повреда на мускулот поради која мора да прекине со тренинзите околу десетина дена. Новиот проблем произлезе од продолженото отсуство на играчот од терените.
Пред само неколку дена францускиот селектор увери дека нема да одведе ниту еден играч кој не е целосно здрав на Мундијалот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













