Жесток прием и вистински „пекол“ доживеале судиите Никола Иванов, Петар Новачев и Роберт Црвенов од Велес на денешниот меч меѓу Воска Спорт и Гостивар (0-1) од Втората лига Запад. Така барем тврди порталот „Прес24“.
Според информации на „Прес24“, претставници од тимот на Воска на полувремето физички ги нападнале судиите, кои и покрај тоа одлучиле да продолжат да судат и во второто полувреме. Десет минути подоцна Воска примила гол, па негодувања имало и на теренот, а со текот на времето се претвориле во пеколен притисок.
По завршувањето на мечот, судиите биле долго држени во соблекувалната, наводно имало и поголеми притисоци, а дека имало проблеми потврдува и официјалниот записник во кој главниот судија Никола Иванов напишал забелешка дека ќе даде дополнителна изјава во ФФМ за организацијата на мечот.
Воска Спорт по овој пораз е се подалеку од лидерот Силекс во трката за директен пласман во Првата лига, а чувствува притисок и од Вардар кој утре со евентуален триумф ќе се приближи на еден бод и во трката за баражот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ерик тен Хаг се враќа на кормилото на Ајакс?













