
Почнуваат и второлигашките возбудувања. Денеска од 17 часот ќе се одигра првото коло од новата сезона во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ).
Оваа сезона носи дополнителна неизвесност, бидејќи речиси секоја позиција на табелата ќе има значење. Причината е најавеното кратење на лигата – од 16 на 14 екипи – како и промените во Првата лига, од каде што ќе се слеат повеќе тимови.
Од Втората МФЛ директно ќе испаднат четири екипи, а три ќе играат бараж за опстанок, што значи дека дури седум клуба од сегашните 16 би можеле да се преселат во понизок ранг. Во исто време, само првопласираниот тим обезбедува директен пласман во Првата лига, додека вториот и третиот ќе бараат шанса преку бараж.
Главен фаворит за првото место е Брегалница, а зад неа во трка се очекуваат екипите на Беласица, Охрид, Детонит Плачковица, Скопје, можеби и повратникот Шкендија Арачиново. Секако, секогаш се можни изненадувања, па и други тимови да се вмешаат во трката за елитна промоција.
Голема новина оваа сезона е што сите натпревари од ВМФЛ ќе бидат емитувани во живо преку официјалниот „Јутјуб“ канал на ФФМ.
На стартот, Брегалница го пречекува Кожуф, а Охрид ќе има дуел со Беласица.
ДВОЈКИ ВТОРА ЛИГА, 1. КОЛО (денеска, 17 часот)
Скопје – Слога 1934
Вардар Неготино – Тетекс
Брегалница – Кожуф
Новаци – Победа
Каменица Саса – Осогово
Преспа – Шкендија Арачиново
Охрид – Беласица
Големо Коњари – Детонит Плачковица

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лукман сака да се пресели во Премиер – лигата

Евро-фудбал
Родриго доаѓа на позајмица во Тотенхем?

Евро-фудбал
Наполи притиска за трансферот на Хојлунд

Евро-фудбал
Нов минималец, но и нов триумф на ПСЖ (ВИДЕО)
