
Фудбалските репрезентации на Швајцарија и Италија се среќаваат во првиот натпревар од осминафиналето на Европското првенство.
Селекторот на Швајцарија, Мурат Јакин, изведе силен состав, кој го донесе пласманот во елиминациската рунда.
Од друга страна, Лучано Спалети не може да смета на стоперот Калафиори кој е суспендиран поради жолти картони. Него го заменува Манчини, но тука има уште една новост – Ел Шарави игра во нападот со Скамака, а во однос на минатиот натпревар со Хрватска, Спалети смени дури шест играчи.
Денеска ги нема ни Димарко, Жоржињо, Распадори, Пелегрини, а шанса добија покрај Ел Шарави, Скамака и Манчини, и Кристанте, Фаџоли.
Швајцарија: Зомер, Шер, Аканџи, Родригез, Рајдер, Џака, Фројлер, Ебишер, Ендој, Емболо, Варгас.
Италија: Донарума, Ди Лоренцо, Манчини, Бастони, Дармијан, Барела, Кристанте, Фаџоли, Киеза, Ел Шарави, Скамака.
Натпреварот е на програмата во 18 часот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
