Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед го контактирал Кристијано Роналдо со желба да го врати на Островот. Раководството на клубот е заинтересирано за трансфер на португалската мегаѕвезда на „Олд Трафорд“.
Откако „црвените ѓаволи“ обезбедија пласман во Лигата на шампионите следната сезона, сега се обидуваат маркетиншки да го засилат клубот, а враќањето на Кристијано Роналдо би бил вистински потег. Тоа би ги омекнало и навивачите кои почнаа да организираат протести против семејството Глејзер.
Роналдо е најблиску до враќање во Манчестер Јунајтед, тоа го потврдува и шпанскиот весник „АС“.
„Компликуваната операција Роналдо започна. Кристијано може да се врати на „Олд Трафорд“ 12 години откако замина во Мадрид”, пишува „АС“.
Јувентус вечерва го игра решавачкиот меч за пласман во Лигата на шампионите, гостува на Болоња, но не зависи само од сопствениот резултат, туку и од Наполи и од Милан. Андреа Пирло го остави Роналдо на клупата за резерви од почетокот на мечот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













