Поранешниот претседател на Анкарагучу, Фарук Коча, кој направи огромен скандал во турскиот фудбал напаѓајќи го физички главниот судија Халил Мелер, излезе на суд и му се заканува затворска казна.
Мелер се здоби со тешки повреди, а тепачот доби доживотна суспензија за вршење на функција во фудбалот. Но, му се заканува и затворска казна до 13 години.
„Не е вистина дека сум се заканувал. Првпат во животот тргнав да се пресметам физички со некого. Веќе кажав дека ми е жал, а сега тоа ќе го повторам“, изјави Фарук Коча.
Судењето ќе продолжи на 28. февруари. Коча е суспендиран доживотно од фудбалот, а претходно Анкарагучу доби казна од 70.000 долари и пет натпревари суспензија на стадионот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













