
Во Хотел Гогов во Пехчево стартуваше Меѓународниот семинар за фудбалски тренери „Учиме од шпанскиот фудбал“ во организација на „Еуроспорт Арена“. Главен предавач е Шпанецот Фран Алонсо, тренер кој има 15-годишно фудбалско искуство, од кои шест години како дел од Премиер – лигата. Работеше во Саутемптон и во Евертон. Беше прв асистент на Маурисио Покетино, Роналд Куман, Семи Ли и на Сем Алардајс, и своето непроценливо искуство во наредните четири дена ќе го пренесе на тренерите во Македонија. Од него дефинитивно има што да се научи.
Меѓу останатите тренерски имиња се УЕФА лиценцираните фудбалски тренери Роберто Родригез Санчез, Пабло Доминго, Карлос Касиљас и Пабло Ордоњес. Првиот ден мина во теоретска наобразба и подготовка, од утре ќе следи и работа на фудбалски терен.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Самуеле Ричи е првото големо засилување за Милан

Прва лига
Струга ТЛ се засили со Гледи Мици
