Поранешниот фудбалер на Шкендија, Иван Челиковиќ, почина на 34-годишна возраст. Тој настапуваше за македонскиот клуб во сезоната 2017/18.
Челиковиќ работеше во фудбалската академија на Конављанин, а неговата ненадејна смрт го шокираше регионот.
Тој во својата играчка кариера настапуваше за Конављанин, Дугопоље, Солин, Интер Запрешиќ, Шкендија, Локомотива и Јарун.
„Утрово нашиот драг Иван Челиковиќ ненадејно нѐ напушти. Секогаш љубезен и весел, добар дух на клубот и местото, на теренот и надвор од теренот, голем пријател. Тешко е да се замисли дека веќе не си таму. Во овој момент е тешко да се најдат вистинските зборови, болката и тагата се големи. Искрено сочувство до најблиските“, објавија од НК Конављанин.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул му предложи нов договор на Шобослаи
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













