Трагичен настан во Хрватска. Фудбалер од кадетскиот тим на Самобор, Мартин Ф. (роден 2007 година) починал во болница откако колабирал на теренот за време на натпреварот меѓу Самобор и Дуго Село, објави ХНС на официјалната веб-страница.
„Во 60. минута од натпреварот му кажа на судијата дека не се чувствува добро, а судијата го упати кон лекарите. Се онесвести и престана да дише. Лекарите успеаја да го одржат во живот додека не дојде итна помош. Натпреварот беше прекинат бидејќи играчите беа потресени“, се вели во официјалното соопштение.
Порака со сочувство испрати и Хрватскиот фудбалски сојуз.
„Хрватскиот фудбалски сојуз изразува најдлабоко сочувство до семејството, пријателите и соиграчите на младиот Мартин за оваа шокантна и непоправлива загуба“.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski