Франциско Генто Лопез, фудбалерот на Реал Мадрид кој се прослави под името Пако Генто, почина на 88-годишна возраст. Легендарното лево крило на Реал, кој од 1953 до 1971 година одигра 600 натпревари и постигна 182 гола, е единствениот фудбалер во историјата кој шест пати го освоил Европското првенство. Тој важи за еден од најдобрите шпански фудбалери во историјата.
Генто ги освои сите шест титули во Купот на европските шампиони играјќи за Реал, со кој играше уште двапати во натпревар за европска титула. Со Реал освои и 12 шампионати на Шпанија, два трофеи во Копа дел Реј и еден Интерконтинентален куп.
До неговата смрт беше почесен претседател на Реал Мадрид, функција која ја наследи по смртта на неговиот голем пријател и соиграч Алфредо ди Стефано. Двајцата го предводеа Реал до пет последователни европски титули, потфат што никој не можеше да го повтори.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул и Сити во трка за ѕвездата на Борнмут













