Познатиот германски фудбалски стратег Кристоф Даум почина на 70 години по долга битка со рак, соопштија светските агенции, по потврда од неговото семејство. Блиските на Даум изјавија дека тој починал во саботата „опкружен со своето семејство“.
„Ракот го избра погрешното тело“, велеше тој во интервјуа и долго се бореше со опасната болест.
Даум ја освои титулата во Бундеслигата со Штутгарт и беше тренер на девет различни клубови во текот на 30 години, освојувајќи десет трофеи. Се очекуваше да го преземе националниот тим на Германија, но неговата кариера беше потресена во 2000 година по признанието дека користел кокаин, што доведе до неговото отпуштање од Баер Леверкузен.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













