Connect with us

Почина фудбалерка на Шефилд Јунајтед

Почина познатата фудбалерка Меди Кјузак (27), потврди нејзиниот клуб Шефилд Јунајтед.

Во текот на минатата сезона Кјузак ја мина границата од 100 настапи во дресот на Шефилд, а беше и заменик капитен на својот тим.

Таа потпиша нов договор во јули.

Клубот ја соопшти катастрофалната вест, а причината за нејзината смрт не е прецизирана.

„Фудбалскиот клуб Шефилд Јунајтед е уништен што мора да ја објави тажната вест за смртта на Меди Кјузак. Клубот и семејството на Меди бараат да се почитува периодот на приватност и нема да коментираат повеќе во овој тажен момент“, се вели во краткото соопштение.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови