Актуелниот шампион Струга Трим Лум триумфираше против Воска со 3-1 во „езерското дерби“ и повторно има три бода предност на врвот на табелата во Првата лига. Двоен стрелец беше Бесарт Ибраими, а погоди и Хоган Укпа.
По остварениот триумф, фудбалерите на Струга ТЛ го покажаа и тимскиот дух. Победата му ја посветија на Бесмир Бојку, кој пред десетина дена беше опериран откако се здоби со скршеница на ногата на мечот против Работнички (1-2) во Скопје.
На денешниот натпревар, тренерот Шпетим Дуро го прослави јубилејниот 500. натпревар во кариерата.
Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement













