
Прво пролетно коло, и веднаш дуел вреден „шест бода“. Победа и Беласица се наоѓаат на последните две позиции на табелата во Првата лига, и во меѓусебната пресметка ќе се обидат да се оттурнат силно, за постепено да се искачат во посакуваната безбедна зона.
Беласица веројатно и подобро се засили, и кадровски и играчки, го доведе искусниот Ѓоко Хаџиевски како спортски директор, кој секако ќе биде блиску до клупата, а на тренерската позиција го врати Раде Цицмиловиќ, човекот што и го доведе тимот до елитата. Оттаму, струмичани со позитивна мисла влегуваат во денешниот дуел што ќе се одигра на стадионот во Кичево.
Прилеп одамна не гледа прволигашки фудбал, Победа се мачи со домашните натпревари кои објективно ги игра ’како гостин’, но ќе мора фудбалерите и стручниот штаб да го надминат овој проблем со упорност, истрајност и голема желба да обезбедат опстанок.
Натпреварот меѓу Победа и Беласица ќе се одигра на Градскиот стадион во Кичево, со почеток во 14 часот, а ќе го суди Александар Ставрев. Ќе му помагаат Марјан Кировски и Дејан Костадинов. Четврти судија е Игор Стојчевски.
Делегат на мечот е Берат Исмаили (Гостивар), а контролор на судењето Алиларџан Хаџипази (Гостивар).

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Самуеле Ричи е првото големо засилување за Милан

Прва лига
Струга ТЛ се засили со Гледи Мици
