
Македонскиот репрезентативец Јован Манев се враќа во Адама Демирспор, само по шест месеци минати во Осијек. Турскиот клуб одлучи да ја активира клаузулата во договорот и да го повлече стоперот од позајмица. Ова значи дека клубот сериозно смета на неговите услуги за вториот дел од сезоната во Турција.
„Одлуката беше исклучиво на Адана, така и беше склопен договорот со Осијек. Чест ми беше што играв во хрватскиот клуб, но Адана е мој клуб со кој сум врзан со повеќегодишен договор и јасно е дека ја прифатив одлуката да се вратам таму. Овде дадов сѐ од себе, а жалам што поради повреда на тетивата не забележав повеќе настапи во ХНЛ. Се враќам во Турција, во многу силна лига и се надевам дека ќе ги оправдам очекувањата“, изјави Манев.
Манев досега има и пет настапи и еден постигнат гол за фудбалската репрезентација на Македонија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Мармуш неизвесен за дербито на Манчестер

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Млади репрезентации
Италија и со играч помалку славеше против Македонија во Битола

Евро-фудбал
Анге Постекоглу е нов менаџер на Нотингем Форест

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Втора лига
Втора МФЛ: Брегалница го декласира Тетекс

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Евро-фудбал
ПСЖ му нуди нов договор на Бредли Баркола
