Фудбалската федерација на Турција излезе со соопштение дека ја суспендира Суперлигата и дека сите натпревари се одложени на неодредено време по огромниот скандал по завршувањето на мечот Анкарагучу и Ризеспор кога претседателот на домашниот тим Фарук Коч го нокаутира судијата Хамит Улул.
„Ова не е напад врз судијата, ова е напад врз целиот турски фудбал. Сите што се вмешани во овој инцидент, од газдата на клубот па сѐ до навивачите, ќе бидат најостро казнети“, соопшти федерацијата.
Здружението на турски фудбалски судии ги повика своите членови да го искористат своето право да се повлечат.
Се огласи и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Го осудувам нападот врз фудбалскиот судија. Никогаш нема да дозволиме насилството да се меша во турскиот спорт“, рече Ердоган.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













