Connect with us

По два и пол месеци Барди конечно се враќа во тимот на Леванте (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец Енис Барди ја надмина непријатната повреда на ’рбетот и подготвен е за камбек во составот на Леванте. Тој се најде меѓу повиканите фудбалери на тренерот Пако Лопез за вечерашниот меч од Ла Лига против Кадиз. 

Барди цели 70 дена се опоравуваше од повредата на ’рбетот. По еден непријатен пад на тренингот на фудбалската репрезентација на Македонија на играчот за врска му беше дијагностицирана дискус хернија и мораше да мине низ долг рехабилитациски процес за санирање на повредата. Сега конечно се е в ред, Барди е подготвен да се врати на терените и доби повик од Пако Лопез за гостувањето против Кадиз. 

Леванте се наоѓа на 11. позиција во Ла Лига со 21 освоен бод. 

 

CONVOCATORIA | Estos son los jugadores convocados para el partido de mañana ante el @Cadiz_CF.#CádizLevante pic.twitter.com/lVtZENj243
— Levante UD ? (@LevanteUD) January 18, 2021

      

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови