
Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн повторно се наоѓа на радарот на Реал Мадрид. Познато е дека “кралевите” сè уште немаат најдено соодветна замена за Кристијано Роналдо, кој го напушти Мадрид пред речиси три години.
Поради тоа, се верува дека Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд и Килијан Мбапе од ПСЖ се на врвот на списокот на желби на тимот на Зидан. Сепак, со оглед на незапирливиот подем на двајцата напаѓачи, и тоа во време кога сите клубови трпат економски загуби поради пандемијата, шпанските медиуми тврдат дека Реал Мадрид нема средства за овие два трансфери.

Како резултат на тоа, Реал веќе ја има пронајдено замената за нив во Хари Кејн, според “Кадена Сер”. Англискиот напаѓач, кој има постигнато 215 гола на 377 натпревари во текот на осум сезони за Тотенхем, наводно, чувствува дека веќе нема што да му понуди на клубот од северен Лондон. Така, неговиот брат и менаџер, Чарли, веќе бара можни идни дестинации за 27-годишната ѕвезда, а клубот од “Сантијаго Бернабеу” би можел да биде еден од нив.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се засили со Луис Енрике
