
Босанскиот репрезентативец Миралем Пјаниќ за италијанскиот „ДАЗН“ проговори за одлуката на Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина да одигра пријателски натпревар со Русија. Додека никој во светот не сака да игра со репрезентацијата на земја која врши брутална агресија во Украина и сериозно го загрозува светскиот мир, а УЕФА и ФИФА ги исфрлија Русија и нејзините клубови од сите натпреварувања, Босна и Херцеговина би била прва европска репрезентација која ќе игра против Русија од февруари и продолжување на агресијата против Украина.
Пјаниќ, кој одигра 107 натпревари за Босна и Херцеговина, го искажа својот став по ова прашање.
„Ми се јави спортскиот директор на репрезентацијата Мисимовиќ и ми ја објасни можноста да го одиграм овој натпревар. Реков дека нема смисла во овој момент. УЕФА и ФИФА ја суспендираа Русија. Цел свет страда поради оваа ситуација и ние треба први да играме со нив? Не сакаме да оставиме таков впечаток. Немам ништо против руските фудбалери, но ако сите одбија да играат против нив, мораме и ние да ги следиме“, изјави Пјаниќ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Фета Фетаи потпиша за Ал-Шарјах од ОАЕ

Евро-фудбал
Шчешни останува во Барселона до 2027 година

Евро-фудбал
Лео Меси ќе потпише нов договор со Интер Мајами

Евро-фудбал
Марко Асенсио се враќа во Ла Лига?

Евро-фудбал
Луис Дијаз се договорил со Баерн Минхен

Евро-фудбал
Жоао Феликс: Сакам да се вратам дома, во Бенфика

Евро-фудбал
Порто го назначи Франческо Фариоли за нов тренер

Евро-фудбал
Мартин Зубименди е нов играч на Арсенал
