Босанскиот интернационалец Миралем Пјаниќ ќе се обиде да ја напушти Барселона и по завршувањето на летниот преоден рок. Трансферниот прозорец се уште е отворен во Турција и во Русија, а тој би бил огромно засилување за водечките турски клубови. Камен на сопнување е неговата огромна плата, но агентите на Пјаниќ ќе се обидат да му пронајдат ангажман во Галатасарај или во Бешикташ.
Пјаниќ долго време водеше преговори за враќање во Јувентус, во опција беа и Наполи и Фиорентина, но на крајот остана на „Камп Ноу“ по истекот на преодниот рок во Европа.
Тренерот Роналд Куман му порача дека нема да добива голема минутажа, а тој во моментот е вториот најплатен фудбалер на Барселона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













