Connect with us

Пиза го сопна Милан на „Сан Сиро“ (ВИДЕО)

Милан доживеа непријатно изненадување на „Сан Сиро“, откако одигра само 2-2 против новајлијата Пиза. „Росонерите“ буквално во последните минути успеаја да избегнат сензационален пораз, благодарение на голот на Закари Атекаме во 93.минута.

Сѐ започна идеално за тимот на Масимилијано Алегри — Рафаел Леао уште во 7. минута ја затресе мрежата и најави лесна вечер за домашните. Но, Пиза не се предаде. Во 60. минута Квадрадо од белата точка израмни, а во 86. Мбала Нзола го шокираше стадионот со погодок за водство од 1-2.

Во драматичен финиш, Атекаме со прецизен удар донесе бод за Милан, кој сега има само два бода предност пред Интер на врвот на табелата.


Алексис Салемакерс во 98. минута имаше златна шанса да донесе целосен пресврт, но неговиот удар заврши покрај голот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови