Connect with us

Пирло седнува на клупата на Бенфика?

Италијанскиот фудбалски „уметник“ Андреа Пирло би можел да се врати на тренерскиот занает и да го преземе кормилото на португалскиот гигант Бенфика. Тој доби шанса во Јувентус, но пред седум месеци мораше да замине, а позицијата повторно ја презеде Масимилијано Алегри.


Бенфика во моментов е само третопласирана екипа во португалскиот шампионат со четири бода заостанување во однос на Порто и на Спортинг, а зад тимот е болниот пораз од Порто (3-0) во Купот на Португалија.

Сето ова е причината поради која клубот најверојатно ќе се раздели со Жорге Жесус и бара ново тренерско решение, а наводно на врвот на листата е името на Андреа Пирло.

Претседателот на Бенфика, Руи Коста, веќе стапил во контакт со Пирло, со кој е во добри односи, бидејќи порано заедно играа во Милан. Тој би сакал да му ја довери клупата на португалскиот тим, иако во игра се и Пауло Фонсека и Нуно Еспирито Санто.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови