Connect with us

Пирло го презема турскиот Караѓумрук

Легендарниот поранешен италијански играч за врска и тренер на Јувентус, Андреа Пирло постигнал договор со турскиот клуб Караѓумрук да го води тимот до јуни 2024 година.


Пирло последен пат го водеше Јувентус во сезоната 2020/2021. Под негово водство „старата дама“ ги освои Купот и Суперкупот на Италија и заврши на четвртото место во Серија А. Во Лигата на шампионите торинскиот тим беше елиминиран во осминафиналето против Порто.

Минатата сезона Караѓумрук заврши на осмото место на табелата во првенството на Турција со 57 бода, а шампион беше Трабзонспор.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови