
Tренерот на Милан, Стефано Пиоли, е разочаран од настапот на својот тим на дуелот со Калјари и ремито без голови во претпоследното коло од Серија А. По ова реми Милан многу си ја отежна позицијата на табелата и сега за пласман во Лигата на шампионите најверојатно ќе му треба победа во последното коло на тешкото гостување кај Аталанта.
„Нема смисла да се размислува за тоа што можеше да биде. Мора да се фокусираме на последниот натпревар. Според темпото и квалитетот, не бевме на нивото што го покажавме на последните натпревари. Знаевме дека ако победиме ќе биде готово, па имаше мала напнатост, малку страв, малку неоправдана самодоверба дека можеме да победиме играјќи слабо. Но, мора да се бориме за секој бод. Моравме да ја движиме топката побрзо и да создадеме подобри шанси, тоа е сè. Направивме одлична работа оваа сезона. Разочарани сме, знаеме дека Аталанта е единствениот тим што не сме го победиле за мојот период во Милан. Очигледно, ние мора да дадеме сè од себе за да ја постигнеме целта. Луѓето зборуваат дека сме целосно зависни од Златан, а по неколку натпревари тие рекоа дека без него играме подобро. И двете констатации не се точни. Имајќи предвид како игравме, сè што направивме, колку пораснавме за една година, фактот да не влеземе во топ 4 сигурно ќе биде разочарување“, изјави Пиоли.
По 37 кола во Серија А, Милан е третопласиран со 76 бода, исто толку има и Наполи на четвртото место, Јувентус е петти со 75. Границата за пласман во Лигата на шампионите е четвртата позиција.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Томче Гроздановски потпиша за романскиот тим Конкордија

Прва лига
Шкендија го врати и Ендрит Красниќи

Евро-фудбал
Батурина пристигна во Комо за 17 милиони евра

Прва лига
Муарем Муарем е нов тренер на Башкими

Интернационалци
Виктор Треневски ќе биде тренер на црногорски третолигаш

Евро-фудбал
Јувентус се вклучува во трката за Виктор Ѓокереш

Евро-фудбал
Европскиот првак ПСЖ го суреди Атлетико

Интернационалци
Дин Аломеровиќ потпиша за УТА Арад од Романија
