
Тренерот на Милан, Стефано Пиоли не може да објасни како неговиот тим загуби со 3-0 од Пари Сен Жермен на „Паркот на принцовите“ во групата Ф од Лигата на шампионите. Тој е убеден дека неговиот тим се претстави квалитетно на овој натпревар, но проблемот е што секоја мала грешка што ја направи противникот сурово ја казни.
„Мислам дека во првото полувреме го направивме она што сакавме да го направиме. Мислам дека 60 минути игравме подобро од ПСЖ. Не можам да им замерам на моите играчи за нивниот однос, едноставно ПСЖ беше подобар на технички план. Сигурно можеме подобро, но во моментов не казнуваат за секоја мала грешка. Ова треба да ни биде мотивација да се претставиме подобро бидејќи нивото на конкуренцијата е многу високо, исто како што е на големите натпревари во Италија“, потенцира Пиоли.
Тој истакна дека малите грешки сепак придонеле за убедлив пораз.
„Погрешните додавања предизвикаа премногу лесно да го изгубиме импулсот. Мора да продолжиме да работиме, сѐ уште чувствувам дека ги правиме вистинските работи. ПСЖ имаше силен пресинг, играше онака како што очекувавме во однос на стратегијата и интензитетот. Се обидовме да го повториме тоа и мислам дека го сторивме во првото полувреме, но плативме за сите грешки со по еден примен гол“, истакна тренерот на Милан.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Витиња извлече победа за ПСЖ кај Нант (ВИДЕО)
