
Победата од 3-1 над Рома му донесе задоволство на тренерот на Милан, Стефано Пиоли. Во текот на неделата неговиот тим беше елиминиран од Купот на Италија по поразот од Аталанта, но против „волчицата“ го забележа третиот последовен успех во Серија А.
„На 2-1 сѐ можеше да се случи. Пропуштивме неколку чисти шанси и почнавме да доживуваме сериозен замор. Генерално бевме добри на теренот, но има и работи кои треба да ги подобриме“, изјави Пиоли.
„Критиките не ми пречат. Во последните четири години ги надминавме очекувањата со нашите настапи, па нормално е очекувањата да се поголеми. Сезоната е долга и сѐ уште имаме можност да покажеме дека сме силен тим кој може да заврши во топ 4“, потенцира тренерот на Милан.
„Не, исклучете нѐ од борбата за титулата. Мораме да останеме фокусирани и да бидеме уште подобри во вториот дел од сезоната. Мислам дека 39 бода не се лошо достигнување, но мора да стапнеме на гас. На натпреварите против Јувентус, Наполи, Удинезе и Лече земавме само два бода, но одигравме добро. Нема смисла да жалиме, пред нас се конкретни цели во првенството и во Лигата на Европа“, истакна Пиоли.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal
